СВЕТОТ ВО ШОК Канје Вест го распродава имотот, го планира својот погреб

Во текот на долгиот разговор, раперот кој неодамна го промени своето име во Је, откри дека планира да направи „проба на погребот на Канје Вест“.

1,086

Во неодамнешното интервју со Тина Сигал, Канје Вест зборувал за тоа како планира да го убие своето его. Поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, е познат по своите бизарни зборувања и дела.

Во текот на долгиот разговор, раперот кој неодамна го промени своето име во Је, открил дека планира да направи „проба на погребот на Канје Вест“, што би била „смрт на Канје Вест“.






„Смртта на егото која нѐ разделува – тоа е раѓање на човештвото“, вели раперот.

„Дозволете ми да почнам така што ќе се убијам. Колку помалку ве има, толку повеќе има простор за Бога“, додал тој.

Тој не ги изнек деталите за тоа што точно планира додека го „пробува својот погреб“, но открил како сè осмислил додека бил на патување во Берлин.

„Сакам да го продадам целиот свој имот, бидејќи капитализмот нѐ убива“, заклучи тој.

Во текот на остатокот од интервјуто, Канје зборувал за неговите амбиции и за дизајнот, како и за важноста луѓето да комуницираат онака како што сакаат, а не онака како што се очекува од нив.

„Знаете, добив мала капка симпатија, таа мала златна капка што ја прави популарна особина“, рекол тоја и додал:

„Но, не можам да дозволам некој да ме сака премногу, затоа што ќе паднам во љубовна замка. И тогаш на сите им должам да бидам личноста во која се вљубиле. И никогаш нема да бидам таа личност. Секогаш морам да имам слободен да не бидам сакан, така што секогаш ќе можам да бидам јас“, тврдел раперот за време на интервјуто.

 

Поврзани содржини