Светот пред најтажната и најтивката прослава на новогодишната ноќ

Во Германија карантинот трае до 10-ти јануари, но со новите бројки се размислува истиот да се продолжи.

185

Правилата за овогодишниот дочек на новата година ги одредуваат мерките против ковид-19. Ги нема традиционалните прослави на плоштадите, кафулињата и рестораните. Полните плоштади се заменети со празни улици, а луѓето ќе ја дочекаат новата година онака како ја минаа – во своите домови со најблиските.

Огнометите и собирањата се откажани од Сиднеј до Њујорк – сите треба да останат дома, за државите да не се соочат со нови бранови на коронавирусот, кој се чини дека е на чекор пред сите преземени мерки. Нема пролсава ниту во европските градови. Франција Новата година ја дочекуав во полициски час. Се размислува да почнува порано, а сто илјади полицајци се мобилизирани за вечерва да ги растеруваат ноќните забави.






Размислуваме за идејата за уште еден „локдаун“. Во оваа фаза не сакаме да воведеме карантин во цела држава, секако ќе предложиме да се продолжи полицискиот час, наместо од 20 да почнува во 18 часот во сите региони каде е потребно, во градовите и регионите каде стапката на инциденца е над максималното ниво на тревога. Мерките ќе ги проведеме од втори јануари – изјави министерот за здравство на Франција, Оливие Веран.

Ниту на топлата Италија не е и до дочек. Во 20 региони нивото на заразата е многу високо, и затоа земјата од денеска влегува во нов „локдаун“ до 6 јануари. И на британците им е наредено да останат дома, откако новиот мутиран вид на коронавирус неконтролирано се шири во регионите каде се засегнати 20 милиони луѓе. Лондон е празен – се слушаат само сирените од болничките возила.

Во Германија карантинот трае до 10-ти јануари, но со новите бројки се размислува истиот да се продолжи.

– Бројките на починати и инфицирани покажуваат дека сме многу далеку од нормалноста што ја сакаме. Во оваа ситуација, не гледам како би се варатиле во периодот пред карантинот. Колку и да е тешко, ова се однесува и на новогодишната вечер – рече германскиот министер за здравство, Јенс Шпан.

Иконската кристална топка на њујоршки Тајмс Сквер традиционално ќе биде спуштена на полноќ, но никој нема да и се восхитува годинава. Откажани се прославите и во Сан Франциско и во Лас Вегас. Нема собирања, затоа што короната го сака метежот. Несомнено ова ќе биде најтивката новогодишна вечер во историјата на човештвото. Но, славењето ќе го оставиме за наредната година, а оваа новата ќе ја посветиме да ги излечиме раните од поделбите, тагите, трагедиите и да почнеме да ја лечиме Планетата.

Поврзани содржини