СВЕТОТ ОДИ ОД ПАНДЕМИЈА … ВО ЕНДЕМИЈА Еве како ќе изгледа враќањето во нормала
Во земјите кои немаат проблем со пристап до вакцини, ендемичноста може многу да личи на сегашноста: луѓето конечно ќе излегуваат од очајот, рестораните ќе се натрупуваат и сè помалку ќе се бараат ковид-сертификатите. Другите земји веројатно уште ќе се борат со пандемијата. Но, во историјата, кога немало вакцини, голем број пандемии биле надминати со прележување на вирусот од страна на повеќето луѓе.
Прво, лошите вести за пандемијата. Со оглед на тоа што сè уште се случуваат непредвидливи епидемии ширум светот, а варијантите како омикрон-сојот предизвикуваат прашања за заразноста на вирусот, сè уште сме во пандемија.
А, сега добрата вест. Иако е тешко да се предвиди точното време, повеќето научници се согласуваат дека пандемијата со ковид-19 ќе заврши и дека вирусот ќе стане ендемичен. Што значи тоа?
Ендемичен, или ендемија значи дека вирусот веројатно никогаш нема да биде целосно елиминиран, но како што повеќе луѓе се вакцинираат или се изложени на него, инфекциите ќе опаѓаат, а ќе станат нешто како редовниот грип во зима, пишува Гардијан.
Како изгледа преодот од пандемија во ендемија?
Крајот на короната ќе го обзнани Светската здравствена организација. Таа официјално ќе треба да ја прогласи глобалната пандемија за завршена и да го докаже тоа со бројки: дека опаѓа заразноста, смртноста, дека вирусот не ги преплавува болниците низ светот и слично.
Во земјите кои немаат проблем со пристап до вакцини, ендемичноста може многу да личи на сегашноста: луѓето конечно ќе излегуваат од очајот, рестораните ќе се натрупуваат и сè помалку ќе се бараат ковид-сертификатите. Другите земји веројатно уште ќе се борат со пандемијата. Но, во историјата, кога немало вакцини, голем број пандемии биле надминати со прележување на вирусот од страна на повеќето луѓе.

Малите сипаници во Јапонија станале „нормална работа“
Сè до појавата на модерната медицина, сè што можеа луѓето да направат беше да се надеваат (и да се молат) дека епидемиите сами ќе исчезнат. Кога стана јасно дека болеста е неизбежна – или ендемична – општествата честопати правеа чекори за да ја „нормализират“ болеста како редовен дел од животот. Ова може да се рече и за ковид-19.
Модерните луѓе реагираат на епидемии со страв и паника, на индивидуално ниво и како општество. Според Чарлс Кени, автор на „Циклусот на чумата“, овие реакции понатаму се претвораат во мерки, како што се затворањето на границите, одземањето на болните и повлекување од општеството.
Книгата на Кени раскажува за јапонските градови од 17 век во кои се појавиле малите сипаници. Откако повеќето луѓе ги прележале сипаниците како деца, болеста станала ендемична, а се сменил и нивниот став. Откако тие прифатиле „дека сите ќе добијат сипаници“, пишува Кени, тие сипаниците ги сметале како одреден ритуал и за дел од „приказната за растењето“.
Пандемијата ќе заврши, но ќе останат предрасудите
Прерано е да се каже како ќе се одвива овој процес на нормализација во однос на ковид-19. Меѓутоа, ако се покаже дека инфекциите стануваат нормален дел од зимските месеци, тие едноставно може да се апсорбираат во она што е познато како сезона на настинка и грип. Слично како и со мали сипаници во јапонските градови, таа промена ќе се одрази на јазикот на луѓето и секојдневните очекувања. Веќе некои почнуваат да го користат терминот „сезона на ковид“.
Но, историјата нè учи и нешто друго. Пандемиите прават многу луѓе или групи на луѓе неправедно да бидат оцрнети. Во не толку далечната 1987 година, ксенофобичната и хомофобична забрана за патување во Америка за луѓето со ХИВ траеше 22 години. И денес, луѓето погрешно поврзани со ковид-19, како оние од Азија или Африка, сè уште се малтретирани и исклучени и покрај целосното разбирање дека коронавирусот не препознава раса, пол или каква било друга припадност.

Пандемиите се забораваат исто како и болестите
Враќањето во нормала нема да се случи рамномерно во светот. Откако луѓето во богатите нации ќе станат ендемични, оние на глобалниот југ може да продолжат да се борат со коронавирусот долго време, како што многу тропски болести беа целосно заборавени на места како САД.
Многу од епидемиите кои го зафатиле светот пред ковид-19 се заборавени, па затоа и луѓето се неподготвени кога тие ќе избијат. На пример, големиот грип од 1918 година нè научи дека носењето маски и социјалната дистанца може да ги намалат смртните случаи, пишува Кени во книгата, лекција која изгледа одново почнавме да ја учиме во 2020 година.