СВЕТОТ НЕ ЗАВРШИ ВО 2023-ТА, ГО ИЗБРИША ТВИТОТ ГРЕТА? Десничарите во САД ја ставија на тапет климатската активистка
Тоа што е интересно е дека и на самиот вебсајт gritpost.com каде е објавена статијата, зборовите на научникот кој го цитира Грета повторно се преувеличени и спинувани.
Човештвото би можело да биде збришано оваа 2023 година ако не се откаже од фосилните горива, сугерира пост на Твитер на познатата активистка Грета Тунберг кој таа го напишала пред пет години, а кој сега е избришан. Грета се најде на тапет дека намерно го избришала постот од страна на десничарски коментатори во САД.
Сепак, вистината околу постот е малку поинаква, истражува Њузвик. Научникот кој Грета го цитирала во постот, Џејмс Андерсон, професор од Харвард, бил пионер во истражување во кое рекол дека фосилните горива треба да ги отфрлиме до 2023 година за да го заштитиме преостанатиот мраз кој останал на половите на нашата планета Земја. Истражувањето вели не дека би се стопил тој мраз, туку дека по овој праг веќе не би можеле како да го спречиме топењето кое пак во иднината би можело да предизвика поплави ширум планетата.
Неговото истражување, меѓу другото, доведе да се забранат хлорофлуоројаглеродите во индустријата.
Како гласеше постот на Грета?
„Врвен климатски научник предупредува дека климатските промени ќе го збришат целото човештво, освен ако не престанеме да користиме фосилни горива во следните пет години“, напишала таа на 21 јуни 2018 година.
Ова беше доволно тројца коментатори да ја прозиваат 20-годишната Грета. Нивната прозивка била прегледана 2,2 милиони на Твитер.
„Еден од најдобрите наслови на годината досега… „Грета Тунберг го брише твитот од 2018 година во кој вели дека светот ќе заврши во 2023 година, откако светот нема да заврши“, напиша Чарли Кирк.
„Здраво @GretaThunberg! Зошто го избриша ова?“, напишал Џек Пособиец на Твитер и посочил линк до статијата од познатиот научник кој го цитирала Грета.
Тоа што е интересно е дека и на самиот вебсајт gritpost.com каде е објавена статијата, зборовите на научникот повторно се преувеличени и спинувани. На пример , самиот наслов на статијата гласи:
„Луѓето ќе исчезнат ако не ги поправиме климатските промени до 2023 година“.
Но, ниту научникот, ниту студијата, ниту Грета во Твитот експлицитно не спомнуваат такво нешто.
Лани Грета Тунберг имаше жестока кавга на Твитер со познатиот инфлуенсер Ендрју Тејт, кој на 29 декември беше уапсен во Романија. Полицајците успеаја да го најдат Тејт поради едно видео во кое тој ја напаѓа Грета, а во кое има кутија од пица. Така тие сфатиле каде тој се наоѓа.