СВЕТОТ НЕ СМЕЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ЛЕБ! Г-20 повикува да продолжи договорот за извоз на украинско жито

Важноста на договорот истекува в сабота, но може да продолжи доколку ниту една страна експлицитно не го прекине.

47

Договорот што и овозможи на Украина, и покрај руската инвазија, да извезува земјоделски стоки од пристаништата на Црното Море треба да продолжи, се согласија членовите на овогодинешниот самит на Г20 во нацрт верзијата на нивната конечна заедничка декларација во која имаше увид агенцијата ДПА.

„Ја нагласуваме важноста на целосна, навремена и континуирана имплементација од страна на сите релевантни чинители”, се вели меѓу другото во нацрт-документот, во кој се нагласува и важноста што ја има украинското жито во глобалната продажба на храна, која претрпе недостиг претходно оваа година кога Русија ги блокираше пристаништата.






Важноста на договорот истекува в сабота, но може да продолжи доколку ниту една страна експлицитно не го прекине.

Поврзани содржини