СВЕТОТ НА МОДАТА ЈА ОПЛАКУВА СМРТТА НА ПАМЕЛА ХОГ Ексцентричната шкотска дизајнерка ги облекуваше ѕвездите како Бијонсе, Ријана, Кејт Мос, Лејди Гага

Шкотската дизајнерка, која ги облекуваше ѕвездите како Бијонсе, Ријана, Кејт Мос и Лејди Гага, но и членовите на кралското семејство, како принцезата Евгенија, почина во центар за палијативна нега во Лондон.

440

Памела Пам Хог почина. Ексцентричната шкотска дизајнерка, која ги облекуваше ѕвездите како Бијонсе, Ријана, Кејт Мос и Лејди Гага, но и членовите на кралското семејство, како принцезата Евгенија, почина во центар за палијативна нега во Лондон.

Семејството на модната дизајнерка ја објави веста во трогателна изјава на Инстаграм.






– Со длабока тага семејството Хог ја објавува смртта на својата сакана Памела – се вели во соопштението.

– Благодарни сме што таа можеше да ги помине последните часови во мир, опкружена со пријателите и семејството.

Понатаму, семејството му се заблагодари на центарот за палијативна нега „St. Joseph‘s“ за „љубезната грижа што ја доби во последните неколку дена“.

Тие споделија фотографија од дизајнерката, која никогаш не ја откри нејзината точна возраст, но според „Фајненшл тајмс“ и „Сан“, сигурно била во раните шеесетти години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DR HOGG (@pamhoggfashion)

– Креативниот дух и животното дело на Памела ги допреа животите на многу луѓе од сите возрасти. Наследството на починатата ќе продолжи да биде извор на инспирација. Памела ќе живее во нашите срца и умови – напиша семејството.

Родена во Пејсли, Шкотска, во близина на Глазгов, Пам Хог ја лансираше својата прва модна колекција во 1981 година, кога имаше дваесет години. Нејзините дизајни беа под влијание на панкот. Таа работеше и за Деби Хари, како и за Пола Јејтс. Покрај нејзината страст кон модата, таа се интересираше и за музика и свиреше во бендови.

Поврзани содржини