СВЕТОТ НА ДЕДО МРАЗ ПРИСТИГНА ВО ДАЈМОНД МОЛ! Еден месец празничен спектакл за најмладите и нивните семејства

Посетителите ќе имаат можност да се возат во новогодишното вовче, кое секој ден, до Новата година, ќе кружи низ трговскиот центар и ќе изнудува насмевки од сите. Дедо Мраз ќе биде присутен за да ги чуе детските желби и да се фотографира со нив во прекрасен новогодишен амбиент.

183

Од 11 декември до 11 јануари 2025 година, Дајмонд мол го претставува Светот на Дедо Мраз – празничен спектакл кој ќе ги воодушеви најмладите и нивните семејства. За време на овој период, трговскиот центар ќе биде домаќин на бројни активности и изненадувања кои ќе внесат новогодишна магија во срцата на посетителите.

„Со голема радост ја започнуваме новогодишната сезона во Дајмонд мол. Светот на Дедо Мраз е тука за да создаде убави спомени и да им понуди на децата една незаборавна празнична авантура. Нашата цел е да ги поттикнеме најмладите да уживаат во сè што носи овој магичен период, но и да создадеме едно место каде што ќе се чувствуваат како дел од празничната приказна“, велат од Дајмонд мол.






Посетителите ќе имаат можност да се возат во новогодишното вовче, кое секој ден, до Новата година, ќе кружи низ трговскиот центар и ќе изнудува насмевки од сите. Дедо Мраз ќе биде присутен за да ги чуе детските желби и да се фотографира со нив во прекрасен новогодишен амбиент.

Дополнително, за време на викендите, Дајмонд мол ќе организира интерактивни работилници за изработка на новогодишни украси, како лампиони, ѕвончиња и торбички, поттикнувајќи ја креативноста кај најмладите. Децата ќе имаат и можност да му ги напишат своите новогодишни желби на Дедо Мраз.

„Овие активности не само што ќе бидат забавни за децата, туку и ќе ги поттикнат да изразат својата креативност и љубов кон празниците. Викендите ќе бидат исполнети со специјални настани и магични моменти, вклучувајќи интерактивно огледало кое ќе ги пренесе децата и нивните родители во прекрасни новогодишни сцени“, велат од Дајмонд мол.

Покрај забавата, во Дајмонд мол ќе се одржува и новогодишен базар, на кој посетителите ќе можат да најдат новогодишни пакетчиња, чоколади, слатки, топли напитоци и персонализирани подароци.

„Сите активности и настани се дизајнирани да создадат топлина и радост за децата и нивните семејства. За нас, ова е најубавиот начин да ги започнеме празниците и да ја делиме радоста со нашите посетители“, истакнаа од Дајмонд мол.

Светот на Дедо Мраз во Дајмонд мол е совршено место за создавање незаборавни детски и семејни спомени, а сите оние кои ќе го посетат ќе имаат можност да уживаат во празничната атмосфера и магијата на Новата година.

Поврзани содржини