СВЕТОТ МОРА ДА ПРИФАТИ ДЕКА САД НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРАВИЛАТА Германскиот претседател уверен дека ќе се справат со тоа

Новата американска администрација има сосема поинаков поглед на светот од нашиот, кој не ги почитува воспоставените правила, партнерството и зголемената доверба. Мораме да го прифатиме ова и можеме да се справиме со ова, рече германскиот претседател Штајнмаер.

1,008

Меѓународната заедница ќе мора да се справи со непочитувањето на воспоставените дипломатски правила од страна на новата американска администрација, рече денеска германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер на Минхенската безбедносна конференција.

– Новата американска администрација има сосема поинаков поглед на светот од нашиот, кој не ги почитува воспоставените правила, партнерството и зголемената доверба. Мораме да го прифатиме ова и можеме да се справиме со ова. Убеден сум дека не е во интерес на меѓународната заедница овој поглед на светот да стане доминантна парадигма – рече Штајнмаер, говорејќи на Минхенската безбедносна конференција.

Поврзани содржини