СВЕТОТ ИМА СТАРО-НОВ РЕКЕТ БРОЈ ЕДЕН Алкараз го симна Ѓоковиќ од тронот откако го победи Медведев во финалето на Индијан Велс

Алкараз го совлада Медведев во финалето со 6:3 и 6:2 во финалето и со тоа ја прекина победничката серија на Русинот од 19 натпревари.

207

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ноќеска го победи Русинот Данил Медведев во финалето на Мастерсот во Индијан Велс и со тоа се искачи на првото место на АТП листата на која до вчера беше Србинот Новак Ѓоковиќ.

Алкараз го совлада Медведев во финалето со 6:3 и 6:2 во финалето и со тоа ја прекина победничката серија на Русинот од 19 натпревари.






Алкараз ја освои својата осма титула и трет Мастерс во кариерата. Сезонава одигра само три турнири, но освои два трофеи и загуби уште еднаш во финалето.

По победата во Индијан Велс, Алкараз повторно е прв светски рекет, додека Србинот Новак Ѓоковиќ падна на второто место. На Ѓоковиќ не му беше дозволен влез во САД па тој не настапи на овој турнир.

За да ја задржи првата позиција до почетокот на сезоната на земјени терени, Алкараз ќе треба да ја одбрани титулата во Мајами.

Поврзани содржини