Легендраниот аргентински фудбалер Диего Марадона предизвика нови контроверзи со видеото на кое танцува со поранешната девојка Вероника Охедо.
Марадона танцувајќи во еден момент ги соблекува бермудите и го покажува задникот, што предизвика многубројни реакции.
Иако е неизвесно кога настанало видеото, тоа стана вирално тукуму во деновите кога Аргрнтинците ја одбележале годишнината на „Божјата рака“, нерегуларниот гол кој Марадона го постигна на Мундијалот против Англичаните во 1986 година.
Видеото предизвика загриженост за состојбата на Марадона, бидејќи тој не изгледа добро на снимката.
Un día nos diste goles, hoy solo nos das vergüenza ~ Maradona ~ 😖 pic.twitter.com/A3ylUl6Xhv
— Lanata Forever (@LanatoForever) June 22, 2020