СВЕТОТ ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ХОЛОКАУСТОТ Македонија се сеќава на своите Евреи депортирани од „администраторите“

Судбината на македонските Евреи е врзана за логорот Треблинка, каде од страна на тогашната бугарска фашистичка власт и со вагони на Железница на Бугарија, се депортирани 7000 илјади луѓе, а според податоците што се јавно достапни ниту еден од депортираните не го преживеал логорот.Судбината на македонските Евреи е врзана за логорот Треблинка, каде од страна на тогашната бугарска фашистичка власт и со вагони на Железница на Бугарија, се депортирани 7000 илјади луѓе, а според податоците што се јавно достапни ниту еден од депортираните не го преживеал логорот.

374

Со одлука на Обединетите нации од 2005 година, 27 јануари, датумот на кој во 1945 година е ослободен логорот на смртта Аушвиц, формирана е Меѓународна алијанса за сеќавање на холокаустот(ИХРА).

Антисемитизмот во текот на Втората светска војна доживува кулминација, а вредно е да се напомне дека Евреите во Европа со векови претходно се цел на дискриминација, а неретко биле протерувани, злоставувани и убивани поради својата религија. Сепак, уништувањето организирано од нацистичка Германија е без преседан во човековата историја. Само во Аушвиц се системски убиени над милион Евреи, додека во сите останати концентрациони логори околу 6 милиони.






На 27 јануари во 1945 година, советските трупи од победничката Црвена армија влегуваат во Аушвиц, каде ги ослободуваат малубројните преживеани.

Инаку, судбината на македонските Евреи е врзана за логорот Треблинка, каде од страна на тогашната бугарска фашистичка власт и со вагони на Железница на Бугарија, се депортирани 7000 илјади луѓе, а според податоците што се јавно достапни ниту еден од депортираните не го преживеал логорот.

 

Поврзани содржини