СВЕТОТ Е НА РАБОТ НА ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА Брнабиќ за проблемите со кои се соочува српската влада

Зачувувањето на мирот и стабилноста е најважната задача. Најмногу ме мачи Косово и Метохија - рече идната премиерка Ана Брнабиќ за приоритетите на идната српска влада.

324

Мандатарката на идната српска Влада Ана Брнабиќ изјави дека очекува новата извршна власт да биде избрана до крајот на септември, дека светот е на работ на трета светска војна и дека нејзин приоритет ќе и бидат Косово и енергетиката, јави допсиникот на МИА од Белград.

– Зачувувањето на мирот и стабилноста е најважната задача. Најмногу ме мачи Косово и Метохија. Голем дел од работата ја презеде Александар Вучиќ. Енергетиката, исто така, е приоритет, што е прашање на национална безбедност. Најлесно ќе ми биде да напишам експозе – истакна Брнабиќ за РТС.






Таа оцени дека светот е на работ на третата светска војна.

– Договорот и компромисот станаа грди зборови, слабост, а не сила, никој не е подготвен никого да сослуша – нагласи Брнабиќ.

Кога станува збор за ситуацијата во Косово, Брнабиќ потврди дека за Србија од 1 септември доаѓа период на нестабилност, бидејќи се уште не е постигнат договор за регистарските таблички на возилата.

– Косовскиот премиер Аљбин Курти не е подготвен за никаков компромис, предложивме како решение да се применат статусно неутрални таблички КС, но тој не сакаше да го прифати – рече Брнабиќ.

За забраната на одржување на Европрајд, Брнабиќ напомена дека прашање е какви последици има тоа за Србија.

– Она што ние им го кажавме ние – да не шетаат – е повеќе молба отколку забрана – рече таа.

Брнабиќ изрази очекување дека членовите на нејзиниот нов тим ќе бидат познати до крајот на септември и дека разговорите со потенцијалните коалициски партнери не се лесни, посочувајќи дека не се важни функциите, туку резултатите.

Одговарајќи на прашањето дали Ивица Дачиќ ќе биде вицепремиер, таа рече дека се претпоставува дека тоа е природно и потврди дека и Милош Вучевиќ и Синиша Мали ќе бидат потпретседатели, како и дека сите тројца ќе бидат на министерски функции.

 

Поврзани содржини