СВЕТОТ Е НА РАБОТ НА БЕЗДНА Гутереш ги повика САД и Кина на дијалог

Во исто време, ќе биде невозможно да се соочиме со драматични економски и развојни предизвици, додека двете најголеми светски економии не се согласуваат, рече шефот на ОН, посочувајќи на Пекинг и Вашингтон.

434

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска на отворањето на годишната сесија на Генералното собрание на светската организација ги предупреди САД и Кина за можно ново влошување на ситуацијата во светот кој „веќе е на работ на бездна“ и ги повика двете светски водечки економии за дијалог и разбирање.

– Се соочуваме со најголемата криза во нашите животи. Се плашам дека нашиот свет се движи кон два различни типа на економски, комерцијални, финансиски и технолошки регулативи, кон два различни пристапа во развојот на вештачката интелигенција и конечно кон две различни воени и геополитички стратегии – рече Гутереш.






Тој додаде дека тоа е рецепт за проблеми и дека ќе биде многу помалку предвидлив од Студената војна.

– За да ја вратиме довербата и да инспирираме надеж, потребна ни е соработка – рече Гутереш на собир на светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој одлучи лично да дојде во Њујорк и покрај кризата со ковид-19.

– Треба да разговараме, ни треба разбирање. Треба да инвестираме во спречување, одржување и во консолидација на мирот. Потребен ни е напредок во нуклеарното разоружување и нашите заеднички напори за борба против тероризмот. Потребни ни се активности базирани на почитување на човековите права – рече Гутереш.

Тој нагласи дека геополитичките поделби ја поткопуваат меѓународната соработка и го ограничуваат капацитетот на Советот за безбедност на ОН да ги донесе потребните одлуки.

– Во исто време, ќе биде невозможно да се соочиме со драматични економски и развојни предизвици, додека двете најголеми светски економии не се согласуваат – рече шефот на ОН, посочувајќи на Пекинг и Вашингтон.

Гутереш изрази жалење за експлозијата на преземање власт со сила, имплицитно мислејќи на Мјанмар, Мали, Гвинеја и на Судан.

Поврзани содржини