СВЕТОСАВКА АКАДЕМИЈА ВЕЧЕРВА ВО МНТ  Српската заедница нераскинлив дел од нашето општество

Годинава поради ковид-19 Република Северна Македонија е единствената земја во регионот во која за српското малцинство се организира прослава на празникот Свети Сава и Светосавска академија.

219

Со свечена Светосавска академија во Македонскиот народен театар во Скопје, вечерва српската заедница по 15-ти пат ќе го одбележи националниот празник на Србите, 27 Јануари, Денот на српскиот просветител Свети Сава.

На свечената академија ќе се обратат високи официјални претставници од земјава и од Србија, а со богата културно – уметничка програма ќе биде претставена културата и традицијата на српскиот народ.






Претседателот Стево Пендаровски, по повод националниот ден на Србите, денеска ги прими претставниците на организациониот одбор за одбележување на празникот Свети Сава и нивните гости: Никола Селаковиќ, министер за надворешни работи на Република Србија, Жељка Цвијановиќ, претседател на Република Српска, академик д-р Славенко Терзиќ, како и амбасадорите на Република Србија и на Босна и Херцеговина во нашата земја, Невена Јовановиќ и Драган Јаќимовиќ.

– Годинава поради ковид-19 Република Северна Македонија е единствената земја во регионот во која за српското малцинство се организира прослава на празникот Свети Сава и Светосавска академија. Тоа беше причината за средбата со претседателот Пендаровски, што помина во топла, пријателска и празнична атмосфера – изјави Селаковиќ по средбата.

Честитајќи им го празникот, претседателот Пендаровски истакна дека српската заедница е нераскинлив дел од нашето мултикултурно општество и заедно со другите народи во заедничката татковина придонесуваат во градењето на нашето демократско општество.

Со литургија во црквата „Свети Никола”, припадниците на српската заедница и во Охрид го одбележаа верскиот празник посветен на Свети Сава. Членовите на Здружението на Српската заедница во Охрид, „Коштана” брои над триста членови, кои заеднички го одбележуваат и празнуваат.

Поврзани содржини