СВЕТО ПИВАРА ЌЕ ГРАДИ ЗГРАДИ КАЈ СЦ „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“? Нови детали од ВМРО-ДПМНЕ за аферата ДУП на Карпош
Партијата го праша градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој е неговиот интерес бизнисменот да гради таму и колку чини измената на спорниот детален урбанистички план со кој се овозможува градење на згради на сметка на спортскиот центар.
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштени ги праша градоначалниците на Град Скопје и општина Карпош Петре Шилегов и Стефан Богоев дали бизнисменот Светозар Јаневски ќе ги гради зградите кај СЦ „Борис Трајковски“ поради што се менува Деталниот урбанистички план на општина Карпош.
Партијата прашува и какви се односите на Шилегов и Богоев со бизнисменот.
-Дали Богоев го донесе својот последен ДУП како градоначалник за да му угоди на Шилегов и Свето Пивара, на штета на Карпош и Скопје? Стефан Богоев со измени во ДУП го уништува спортскиот центар Борис Трајковски одземајќи му ги тениските игралишта, картингот и дека од базенот за таму да може да никне широка улица која ќе води до парцела каде треба да никне бетонско чудовиште на транзицискиот богаташ Свето Пивара?Кој е интересот на Шилегов и зошто Богоев е принуден да го потпише овој ДУП во своите последни денови како градоначалник? Каква е врската на Шилегов со Свето Пивара? – прашува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Според партијата, на Карпош и на Скопје ќе им бидат одземени спортски терени кои служат за рекреација на илјадници луѓе за да можат тесна клика на луѓе да профитираат.
– Колку чини овој шверцерски ДУП? Време е да се стави крај на градоначалниците слуги на градежната мафија. Време е да се стави крај на маркиците добиени на чуден начин. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе – велат од ВМРО-ДПМНЕ.