📽️ СВЕТНА ВТОРАТА ЅВЕЗДИЧКА КАЈ „НЕРОАЅУРИТЕ“ Интер дојде до 20 шампионска титула во Италија

За Интер ова е јубилејна 20 шампионска титула, а прва по 2021 година. Интер сега се врати на второто место на вечната листа. Недостижен е Јувентус со 36 титули, додека трет е Милан со 19.

597

Фудбалерите на Интер успеаја да забележат вечерва победа од 2-1 во градското дерби против Милан и со тоа да ја обезбедат 20 титула во клупската историја, престигнувајќи го токму Милан на вечната листа.

Интер поведе во 18. минута кога Франческо Ачерби беше највисок во скокот по изведениот корнер и со глава ја затресе противничката мрежа.






Турам на почетокот на вториот период зголеми на 2-0, во 49. минута.

Надежта на Милан ја врати Томори, кој беше прецизен во 80. минута, но црвено – црните немаа сили да избегнат пораз.

За Интер ова е јубилејна 20 шампионска титула, а прва по 2021 година. Интер сега се врати на второто место на вечната листа. Недостижен е Јувентус со 36 титули, додека трет е Милан со 19.

Поврзани содржини