📽️ СВЕТНА УНИКАТНАТА ЕЛКА ВО ЊУЈОРК Дрвото е украсено со ѕвезда со 3 милиони Сваровски кристали и 50.000 сијалички

Дрвото високо 80 метри беше исечено минатиот месец во Западен Стокбриџ и со камион беше пренесено до Плаза Рокфелер.

331

Педесет илјади разнобојни светилки ја осветлија уникатната новогодишна елка во Центарот Рокфелер во средата навечер. Присутните со аплауз и овации ја поздравија оваа традиција во Њујорк која трае 90 години.

Џиновската норвешка смрека, која оваа година потекнува од мал град во Масачусетс, е крунисана со ѕвезда Сваровски со 3 милиони кристали.






Дрвото високо 80 метри беше исечено минатиот месец во Западен Стокбриџ и со камион беше пренесено до Плаза Рокфелер. Церемонијата во средата вечерта ја означи кулминацијата на долгото патување на дрвото до Њујорк, кое започна во 2020 година, кога главниот градинар на центарот го забележал дрвото и ги прашал неговите сопственици дали ќе размислат за донација.

Сијаличките на елката ќе светат до средината на јануари,  од пет наутро до полноќ, додека за католичкиот Божиќ на 25 декември ќе светат 24 часа.

По празничната сезона, дрвото ќе се користи како граѓа за Хабитат за човештвото.

Поврзани содржини