СВЕТНА БОЖИЌНАТА ЅВЕЗДА НА САГРАДА ФАМИЛИЈА ВО БАРСЕЛОНА Откриена нова кула на 100-годишната црква (ВИДЕО)
Неколку илјади луѓе, и покрај студеното и ветровито време, гледаа како кранот ја поставува ѕвездата од 5,5 тони на кулата посветена на Богородица. Надбискупот од Барселона ја благослови кулата, прва отворена по 45 години. Таа е втора највисока од 18-те кули. Највисоката е посветена на Исус, четири – на евангелистите, а другите 12 кули ги претставуваат апостолите.
Сјајна голема и боцкава божиќна ѕвезда, вчера блесна над новооткриената 138-метарска кула од базиликата Саграда фамилија, најпознатата зграда во Барселона, која е изградена во 19 век од каталонскиот архитект Антонио Гауди. Црквата уште не е завршена, а сонот на Гауди бил да има 18 кули. Саграда Фамилија, или Светото семејство е благородничко семејство, ктитор на црквата од тоа време.
🎥 | The skyline of Barcelona now has a brand new addition as the star that tops the Sagrada Família’s tower of the Virgin Mary has been lit up for the very first time tonight
📝 | Read more: https://t.co/SLEuk6JK9k pic.twitter.com/FOdXlDFkMI
— Catalan News (@catalannews) December 8, 2021
Неколку илјади луѓе, и покрај студеното и ветровито време, гледаа како кранот ја поставува ѕвездата од 5,5 тони на кулата посветена на Богородица. Надбискупот од Барселона ја благослови кулата, прва отворена по 45 години. Таа е втора највисока од 18-те кули. Највисоката е посветена на Исус, четири – на евангелистите, а другите 12 кули ги претставуваат апостолите.
Целата базилика би можела да биде завршена до 2032 година, на 150-годишнината од поставувањето на првиот камен, предаден од епископот Хозе Марија Уркинаона на 19 март 1882 година.
— Dr. Joel P. Rutkowski- President (@RutkowskiDr) December 9, 2021
Саграда фамилија е една од најпосетуваните згради во Шпанија. Во неа се наоѓа гробот на Гауди. Ѕвездата поставена на врвот на кулата е изработена од не’рѓосувачки челик, а пред инсталацијата беше тестирана и нејзината издржливост, што вклучуваше удирање со тешки предмети при голема брзина.
По поставувањето на ѕвездата, се служеше миса, а беше објавена и порака од папата Франциск кој потсети на сиромашните, болните, заразените со коронавирус и изнемоштените. Папата рече дека сјајот на ѕвездата е „синодален пат што треба да се следи во Барселона и го повика градот – особено одговорните, да не ги забораваат сиромашните и исклучените (од општеството)“.
Во Барселона по повод отворањето на кулата до 4 јануари ќе се одржуваат различни настани, кои вклучуваат пеење божиќни песни, конференции, изложби и народни танци.