СВЕТЛОТО ЌЕ СЕ ИЗГАСНЕ ТОЧНО НА ПОЛНОЌ Аеродром и други делови од Скопје цела ноќ ќе останат без струја
Според објавата на Општина Аеродром на Фејсбук, прекините се поради планирани технички зафати.
Граѓаните на Скопје ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, соопштија од РЦУК.
Во рамките на овие активности, делови од населбите Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски Центар и Острово ќе останат без струја од полноќ до 8:00 часот утрината.
Општина Аеродром преку својата Фејсбук страница информираше дека прекините се неопходни за подобрување на услугите.
Дополнително, селата Арачиново, Орланци, Мојанци, Брњарци, Трубарево, Стајковци и делови од Јурумлери, како и населбите Гоце Делчев, Сингелиќ, Маџари и Керамидница ќе бидат без електрична енергија вечерва од 1:30 до 9:00 часот.
Утре, корисниците од селото Орман ќе бидат без струја од 8:00 до 12:00 часот, додека дел од корисниците од кружниот тек во Волково кон патот за село Кучково, Општина Ѓорче Петров, ќе останат без снабдување од 8:00 до 15:00 часот.
Во Општина Чаир, дел од корисниците од улица „Никола Малешевски“ зграда бр. 39 ќе бидат без струја од 8:30 до 10:30 часот, а во Општина Бутел, корисниците од улицата „Ферид Бајрам“ од бр. 20 до бр. 28 ќе бидат погодени од 8:00 до 11:00 часот.
Овие прекини се дел од планот за подобрување на инфраструктурата која е клучна за непречено снабдување со електрична енергија.
РЦУК апелира до граѓаните да бидат трпеливи и да ги разберат потребите од овие зафати кои се спроведуваат со цел да се осигура постојано и квалитетно снабдување со струја во иднина.