Познатата српска актерка Светлана Цеца Бојковиќ пред една недела беше примена во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ поради пневмонија. Имено, актерката беше тестирана на ковид-19, а тестот беше позитивен, поради што таа ги презеде сите потребни мерки.
Здравјето на Цеца Бојковиќ цело време беше стабилно, и покрај воспалението на белите дробови, а денеска треба да биде пуштена на домашно лекување.
Цеца престојувала сама во апартманот во болницата и била задоволна од сите услови и од тоа како персоналот се грижи за неа.
По пристигнувањето дома, за актерката ќе се грижат нејзината ќерка Катарина Жутиќ и нејзиниот сопруг, поранешниот амбасадор Славко Круљевиќ, пишува Танјуг.