Светлана Бојковиќ крена прашина зборувајќи за коронавирусот: Ако треба да умрам, ќе умрам!

2,691

Легендарната српска актерка Светлана Цеца Бојковиќ гостувала на РТС каде го изнела својот став за пандемијата на коронавирусот, а нејзините зборови кренаа голема прашина на социјалните мрежи.

На прашањето како се снаоѓа во времето кое сите ги погоди и дали се навикнала на новата нормалност, алудирајќи на пандемијата на коронавирусот, Бојковиќ одговорила дека се снаоѓа како што мора:






– Прво сакам да кажам дека тој израз „нова нормалност“ е еден од 10. изрази кои во оваа ситуација во последните шест месеци исклучиво ме иритира. Ве молам, што е тоа? Оние кои мора тоа да кажуваат и кои го прокламираат тоа, не се нималку иронични. Нормалност е нормалност, нема тука нема нова или стара – рекла Светлана Бојковиќ.

Актерката додала дека ја збунува значењето на „социјална дистанца“.

– Постои физичка дистанца, социјална дистанца е нешто сосема друго. Значи, такви некои фрази влегуваат во оптек и тие се повторуваат. Мислам дека театарот е една најзагрозените установи во моментот, бидејќи е тешко и за актерите и за гледачите во сала со мала количина на воздух – рекла Светлана.

Таа се осврнала и на препораките на Кризниот штаб.

– Кризниот штаб ни соопштува контрадикторни ставови, денес ова, утре она, а потоа постојано закани дека ќе има нови мерки… Аман, пуштете нѐ нас, луѓето да дишеме, да дишеме и живееме. Па кога ќе биде, ќе биде. Ако треба да умрам, јас ќе умрам – завршила Светлана Бојковиќ во гостувањето на РТС.

ФОТО: Прва

Поврзани содржини