СВЕТКАВИОТ ЧОРАП НА МАЈКЛ ЏЕКСОН ПРОДАДЕН ЗА 6.200 ЕВРА Кралот на поп-музиката повторно урива рекорди
Еден чорап со светки што го носеше кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, во текот на неговата француска турнеја во 1997 година, вчера е продаден на аукција во градот Ним за 6.200 евра, објавија организаторите, наведува Танјуг.
Еден чорап со светки што го носеше кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, во текот на неговата француска турнеја во 1997 година, вчера е продаден на аукција во градот Ним за 6.200 евра, објавија организаторите, наведува Танјуг.
Чорапот, украсен со кристали, првично бил проценет на 4.000 евра, а имал посебна вредност бидејќи Џексон го носел во текот на спектакуларниот настап во Ница, на стадионот „Чарлс Ерман“, на 27 јуни 1997 година, за време на изведбата на песните „Beat It“ и „Billie Jean“, објавува „Фигаро“.
Овој предмет го пронашол сценскиот техничар во тоа време во близина на соблекувалната по концертот. Тој го сочувал чорапот заедно со тогашната пропусница за бекстејџот и платното ливче, кои послужиле како доказ за автентичност.
Претходниот обид за продажба на 21 јули не успеа поради, како што се вели, лошото медиумско известување.
Новиот термин за аукција предизвика поголем интерес кај колекционерите, па чорапот беше продаден за повеќе од двојно поголема цена од почетната, која изнесуваше 2.500 евра.
Шеширот што музичарот го носеше за време на неговиот прв настап на танцот „месечево одење“ (moonwalk) на телевизија во 1983 година беше продаден минатата година во Париз за 77.640 евра.