🎥 СВЕТКААТ ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ ВО ГАЗИ БАБА Безбедноста е најважна, порача градоначалникот Стефковски
Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека новата сигнализација е поставена во населбите Автокоманда, Железара и Триангла, а постапката ќе продолжи и во другите населени места.
Општина Гази Баба постави светлосна сигнализација на коловозите, на самите пешачки премини, кои им сигнализираат на возачите за поголема внимателност.
Градоначалникот Бобан Стефковски информира дека новата сигнализација е поставена во населбите Автокоманда, Железара и Триангла, а постапката ќе продолжи и во другите населени места.
„Почнавме со поставување светлосна сигнализација на пешачките премини. Овој чекор не е само техничка обнова, туку јасна порака дека безбедноста на граѓаните е наша најголема грижа и одговорност. Оваа иницијатива е дел од нашата визија за модерна, уредена и безбедна општина – место каде секој ќе може да се движи слободно, сигурно и без страв. Безбедноста е наш приоритет.
Заедно создаваме посветла и побезбедна иднина за сите жители на Гази Баба“, објави Стефковски на Фејсбук.