Светиниколка прво пријавила дека е нападната, па потоа била агресивна кон полицајците кои ѝ зеле изјава

Ј.Р. од Свети Николе пред да биде донесена во болница пријавила дека во близина на хотел на подрачјето на општина Центар била физички нападната со тврд предмет од неколку лица.

881

Полициски службеници од СВР Скопје утрото ја привеле Ј.Р.(37) од Свети Николе, бидејќи во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициските службеници.

МВР соопшти дека Ј.Р. пред да биде донесена во болницата пријавила дека во близина на хотел на подрачјето на општина Центар била физички нападната со тврд предмет од неколку лица. Додека полицајците разговарале со неа во болницата таа била агресивна кон нив.






МВР информира дека презема мерки за расчистување на случајот и ќе поднесе соодветна пријава против неа.

Поврзани содржини