СВЕТИЛКИТЕ СЕ СЕРВИСИРААТ! Општина Центар објасни зошто свети и дење
Градоначалникот Герасимовски вчера преку својот профил на Фејсбук соопшти дека на повеќе локации низ Општина Центар се врши тековно одржување и сервисирање на уличното осветлување.
На повеќе локации во Центар светлата се вклучени на одреден интервал поради тековно одржување, но и поради намалување на вклучените светилки во текот на ноќта. За оваа општинска активност, градоначалникот Горан Герасимовски извести уште вчера, со објава на социјалните мрежи, реагира Општина Центар на текстот „ЕВЕ КАКО СЕ ‘ШТЕДИ’ СТРУЈА! И во 9.30 часот блеска улицата Никола Тримпаре“, објавен денеска на порталот Плусинфо.
„Воедно, ве известуваме дека Општина Центар е првата општина која презеде конкретни мерки по препораките на Владата на РСМ за заштеда на електрична енергија. Покрај намалувањето на вклучени улични светилки во текот на ноќта, се разгледува уште еден сет мерки кои дополнително ќе придонесат во насока на заштеда на струја, истовремено не дозволувајќи да се наруши комодитетот и нормалното функционирање на жителите и граѓаните кои престојуваат или минуваат низ Општина Центар“, се наведува во реакцијата на Општината.
Градоначалникот Герасимовски вчера преку својот профил на Фејсбук соопшти дека на повеќе локации низ Општина Центар се врши тековно одржување и сервисирање на уличното осветлување.
„На локациите на кои се сервисира осветлувањето по потреба се вклучуваат и се исклучуваат светилките додека екипите работат на одржувањето“, напиша тој.