„СВЕТИ НИКОЛЕ ЌЕ ДОБИЕ СОВРЕМЕН РИТЕИЛ ПАРК И ГРАДСКИ БАЗЕН“ Градоначалникот Владев ветува дека проектите ќе продолжат со исто темпо

Оваа програма не е само список на проекти –ова е визија за иднината, план за секој граѓанин, за секое маало, за секое село! Да го надградиме она што го почнавме! Ќе овозможиме изградба на современ трговски простор – ритеил парк, со нови работни места, урбана уреденост, паркинг и зелени површини. Изградба на нова пречистителна станица, рече градоначалникот на Свети Николе на денешниот митинг.

38

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Свети Николе, Дејан Владев, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ истакна дека ќе продолжи да работи со иста посветеност и чесност како изминатите четири години, со конкретни дела и резултати за општина Свети Николе.

– Овој мандат беше наш заеднички подвиг. И секој проект што го реализиравме – го реализиравме заедно. Ќе продолжам да работам со истата сила, со истата посветеност и со уште поголема страст. Затоа што за овие неколку години покажав што значи еден градоначалник да биде со својот народ да работи чесно, не само пред избори, туку секој ден. Имам тим, имам визија, но пред сè – имам обврска пред вас. Да продолжам со проекти, со конкретни резултати, и со грижа за секој дел од општината – вели Владев.






Кандидатот за градоначалник на општина Свети Николе ги истакна проектите кои се планираат да се реализираат со новиот мандат, како изградба на современ трговски простор, нова прочистителна станица, градски базен и изградба на старечки дом.

– Оваа програма не е само список на проекти –ова е визија за иднината, план за секој граѓанин, за секое маало, за секое село! Да го надградиме она што го почнавме! Ќе овозможиме изградба на современ трговски простор – ритеил парк, со нови работни места, урбана уреденост, паркинг и зелени површини. Изградба на нова пречистителна станица. Изградба на спортско-рекреативен објект – Градски базен со поддршка од Министерството за Спорт. Изградба на старечки дом во соработка со МТСП, надградбa на детската градинка, подобрување на образовната инфраструктура, комплетна реконструкција на ул. Филип II, изградба на соблекувални и покривање на трибини на Градскиот стадион, реконструкција на спортската сала „Цар Самоил – рече Владев.

Поврзани содржини