„СВЕТЦИТЕ“ ОД ВЕЛС СЕ ЖАЛАТ НА ШКЕНДИЈА Клубот тврди дека имало расистичко навивање насочено кон Арамиде

Апсолутно нема место за расизам, ниту во фудбалот ниту во општеството, порачуваат од клубот велејќи дека му нудат целосна поддршка на нивниот играч Арамиде Отех.

613

Велшкиот клуб ТНС се жали на навививачите на Шкендија поради наводен расизам на мечот одигран во Скопје.

„Њу Сеинтс силно и недвосмислено го осудува расистичкото навредување упатено кон Арамиде Отех од страна на член на домашната публика по завршувањето на натпреварот од првото квалификациско коло на Лигата на шампионите против Шкендија“, велат од клубот и бараат казна за Шкендија.

 






Апсолутно нема место за расизам, ниту во фудбалот ниту во општеството, порачуваат од клубот велејќи дека му нудат целосна поддршка на Арамиде.

Шкендија ја совлада екипата на Њу Сеинтс со 2–1 по продолженија во Скопје, во реванш натпревар од квалификациите за Конференциската лига. Домаќините поведоа преку Тамба, но гостите израмнија, во драматични 120 минути фудбал.

Одлучувачкиот момент дојде во 116. минута, кога играч на Њу Сеинтс си постигна автогол, носејќи победа за Шкендија.

 

Поврзани содржини