СВЕСНО МУ ГО УНИШТИВ ЖИВОТОТ НА СИН МИ Адел со години го крие

Пејачката вели дека новиот албум го направила за нејзиниот син да сфати зошто таа го оставила неговиот татко.

4,332

Британската пејачка Адел најави дека нејзиниот нов албум наречен „30“ излегува на 19 ноември, а во интервјуто за магазинот „Вог“ открила дека во новите песни ги опишала сите сомнежи кои ги имала во бракот со поранешниот сопруг Симон Конецки, омразата кон себеси, но и причините зошто се развела.

Имено, таа вели дека овој албум го направила за нејзиниот син да сфати зошто таа го оставила неговиот татко.

„Мислам дека овој албум зборува за самоуништувањето, искреноста кон себеси и искупувањето. Но, спремна сум да ги слушнам реакциите на луѓето на мојата приказна. Со овој албум сакам да му објаснам на мојот син, кога ќе има 20-30 години, зошто самоволно одлучив да го уништам целиот негов живот поради својата среќа. Понекогаш е многу несреќен бидејќи неговиот татко и јас сме разведени. Тоа е жива рана за мене и не знам дали некогаш ќе може да закрепне од тоа“, рекла Адел за британското издание на „Вог“.

Кон крајот на април 2019 година беше објавена веста дека Адел и нејзиниот сопруг Симон Конецки се разведуваат, а парот го има деветгодишниот син Анџело Адкинс.

Пејачката признала дека одлуката за развод многу тешко ѝ паднала, но дека имала пријатели кои биле покрај неа и ја држеле за раце во ноќите додека таа неутешно плачела.

Поврзани содржини