Свештеник на СПЦ протеран од Црна Гора

Неговиот адвокат Јосив Миќковиќ, за медиумита истакна дека според одлуката за забрана на престој во Црна Гора, свештеникот е должен да ја напушти државата до 26 јуни.

395

Свештеникот на Српската православна црква (СПЦ), Саша Јаниќ, кој е српски државјанин, протеран е од Црна Гора и тој мора да ја напушти земјата во рок од седум дена, односно до завршувањето на второстепената судска постапка која е покрената против него.

Неговиот адвокат Јосив Миќковиќ, за медиумита истакна дека според одлуката за забрана на престој во Црна Гора, свештеникот е должен да ја напушти државата до 26 јуни.






– Претпоставувам дека причината за протерување на Јаниќ е тоа што тој нема дозвола за работа и затоа што не постои услов тој да остане на територијата на Црна Гора. Сепак, страувавм дека и на другите свештеници во Пљевља ќе им бидат дадени исти такви решенија – истакна Миќковиќ.

Поврзани содржини