Сведоштва на руските епидемиолози во Италија: Пациентите заспиваат и веќе никогаш не се будат!
Неколку пациенти кај кои бил дијагностициран Ковид-19 едноставно заспале и повеќе никогаш не се разбудиле, а за работата да биде уште побизарна, додале тие, токму овие пет пациенти имале многу благи симптоми на болеста и не биле во животна опасност.
Русија испрати свои епидемиолози да им помогнат на италијанските лекари да се изборат со опасниот коронавирус, а токму тие руски доктори сега ги раскажуваат сведоштвата што ги доживеале со заразените пациенти во Ломбардија.
Како што изјавиле за медиумите во својата земја, за време на престојот во Италија забележале неколку чудни смртни случаи. Имено, како што велат тие, неколку пациенти кај кои бил дијагностициран Ковид-19 едноставно заспале и повеќе никогаш не се разбудиле, а за работата да биде уште побизарна, додале тие, токму овие пет пациенти имале многу благи симптоми на болеста и не биле во животна опасност.
Инаку, Путин и Конте пред две недели дополнително го зацврстија своето пријателство со тоа што Русија ѝ испрати на Италија медицинска помош со 15 авиони, како и тимови од околу 100 руски епидемиолози.