СВЕДОК ПОЧИНА ВО СУДНИЦА Драма во Основниот граѓански суд во Скопје

1,113

Драма во Основниот граѓански суд во Скопје, каде што сведок починал за време на судење, пред очите на присутните.

Според информациите, станува збор за З.Д., кој ненадејно се онесвестил додека сведочел, по што веднаш била повикана Итната медицинска помош.






И покрај брзата интервенција на медицинскиот тим, лекарите можеле само да констатираат смрт. Настанот предизвикал шок и вознемиреност меѓу присутните во судницата.

„На 14.10.2025 во СВР Скопје е пријавено дека во Основен граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција,“ информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, нема индиции за насилна смрт, а обдукцијата ќе ги покаже точните причини за ненадејното починување на сведокот.

Поврзани содржини