Сведочење: Клинтон бил со две девојки на педофилскиот остров на Епштајн, 11 пати летал со „Лолита експрес“

4,973

Вирџинија Робертс Џуфре, која јавно го обвини педофилот Џефри Епштајн за сексуална злоупотреба, сведочела дека го видела поранешниот американски претседател Бил Клинтон на приватниот остров на Епштајн со две млади девојки од Њујорк, пишува „Њузвик“.

Во неодамна објавените судски документи е забележано сведочењето на Вирџинија Робертс Џуфре, една од жените кои го обвинија Џефри Епштајн, американскиот финансиер и регистриран педофил, кој се самоуби во затворска ќелија во Менхетен.






На прашањето на адвокатот: „Дали се сеќавате дека Џефри Епштајн некогаш ви рекол дека Бил Клинтон му должи услуга?“,  Вирџинија одговорила потврдно.

– Се сеќавам дека го прашав Џефри што прави тука Бил Клинтон (на островот Епштајн). Тој се насмевна на тоа и рече дека му должи услуги. Никогаш не ми кажа какви се тие услуги – сведочела Вирџинија Џуфре.

Набргу потоа, таа потврдила и дека сексуалните оргии биле редовна појава на островот во куќата на Епштајн.

На прашањето дали некогаш била присутна со Епштајн и Клинтон на островот, Вирџинија Џуфре одговорила: „Гислејн, Ејми, и тука имаше две млади девојки кои можев да ги идентификувам. Никогаш не ги познавав добро… Тоа беа само две девојки од Њујорк“, одговорила Џуфре, и додала дека сите престојувале во куќата на Епштајн на островот.

Американскиот финансиер имал повеќе врски со Клинтон.

Поранешниот претседател на САД, заедно со многу други познати личности, повеќепати патувал во приватниот авион на Епштајн „Боинг 727“, кој беше наречен „Лолита експрес“, поради честото носење на малолетните жени на островот, пренесува „Њузвик“.

Епштајн, во 2002 година, го угостил Клинтон, како и актерите Кевин Спејси и Крис Такер, на турнеја низ Африка.

Џефри Епштајн го нарекувал Бил Клинтон „најголемиот светски политичар“.

Во 2015 година, сега пропаднатата веб-страница за поп-култура и вести, „Гаукер“ ги објавила дневниците на летовите за авионите на Епштајн. Клинтон имаше најмалку 11 летови на „Лолита експрес“.

На едниот лет, Клинтон, наводно, летал со softcore порно-актерка, која е наведена под „масажа“ во адресарот на Епштајн. На сите 11 летови тој бил со поранешната асистентка на Епштајн, Сара Келен, која е обвинета за регрутирање млади девојки и дека работела за Епштајн како макро.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини