„СВАТОТ“ НА ЗАЕВ СИ ЈА ПИШАЛ ОСТАВКАТА ВО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ Ципрас ќе формира нова политичка сила?

Признавајќи дека неговото присуство како поранешен премиер на Грција носи привилегии, но не и суштински придонес во актуелната конфигурација на парламентот, тој рекол дека се повлекува „не за да замолчи, туку за подобро да слуша“. Според пораката, претстои активна вклученост во формирање нов политички субјект, веројатно надвор од Сириза.

734

Со едно перо и 16 години искуство во грчкиот парламент, поранешниот премиер Алексис Ципрас, се повлекол од функцијата пратеник, но не и од политиката. Во писмо до претседателот на Парламентот, тој ја најавил својата оставка, токму во пресрет на новата парламентарна сесија.

Поранешниот лидер на Сириза, испратил повик за обединување на левицата, истакнувајќи дека „не можеме вечно да чекаме промена, треба самите да бидеме таа промена“, пишува грчки Скај.






– Не се повлекувам од политичката борба – нагласил Ципрас во видеопорака до јавноста.

Признавајќи дека неговото присуство како поранешен премиер на Грција носи привилегии, но не и суштински придонес во актуелната конфигурација на парламентот, тој рекол дека се повлекува „не за да замолчи, туку за подобро да слуша“.

Отворено ја критикувал моменталната состојба на парламентот, оценувајќи дека е демократски „испразнет“ поради политичката доминација на мнозинството.

Ципрас најавил дека ќе продолжи да биде активен во јавниот простор, овојпат ослободен од функциите и од структурите кои, според него, веќе не ја претставуваат автентично волјата на народот. Според пораката, претстои активна вклученост во формирање нов политички субјект, веројатно надвор од Сириза.

Во видеообраќањето повикал на солидарност, организираност и визија.

– Ако не може постоечката опозиција да ја донесе промената, тогаш ние мора да станеме таа промена – рекол поранешниот премиер на Грција истакнувајќи дека „иднината вреди секоја жртва и секоја борба“.

На маргините на јавниот живот, но не и надвор од него, Ципрас ги продолжува своите обврски и симболично. Најново, по говорот на универзетот Сорбона, се сретнал со грчки студенти во Париз, за, како што рекол, „да ги чуе, повеќе отколку тие да го слушаат него“.

„À bientôt, les enfants“, напишал на крајот од објавата на социјалните мрежи, што во превод од француски значи „До скоро видување, деца“.

Поврзани содржини