Свадбите од затворено се селат на отворено?

Експерти во Македонија предупредуваат дека бројот на новозаразени може пак да почне да се зголемува, па затоа препорачуваат здравствените власти да вратат дел од рестриктивните мерки.

659

По благиот пораст на новозаразени со ковид-19 и потврдените кластери од свадби и семејни веселби, Комисијата за заразни болести денеска ќе разговара за актуелната епидемиолошка состојба и ќе одлучува за евентуално воведување нови мерки.

Здравствените власти уверуваат дека засега имаме мирно лето и дека нема потреба од рестрикции, но поради познатите кластери од тетовско, еден од свадба, друг семејна веселба, дел од членовите на Комисијата за заразни болести сметаат дека би било добро да има забрана на таквите веселби во затворен простор.






Здравствените власти уверуваат дека засега имаме мирно лето и дека нема потреба од рестрикции, но повторно се разгледува можноста за позасилени контроли на границите, за воведување на мерка за влез во земјава само со негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација.

Експерти во Македонија предупредуваат дека бројот на новозаразени може пак да почне да се зголемува, па затоа препорачуваат здравствените власти да вратат дел од рестриктивните мерки.

Поврзани содржини