ОБНОВЕНО Свадбите не ја исплашија Комисијата за заразни болести – нема рестрикции засега
Извесно е сепак дека засега нема да се бара задолжителен ПЦР тест за сите што влегуваат во земјава од земји со висок ризик каде што има голем број на заразени од делта сојот.
Комисијата за заштита од заразни болести, која утрово ја анализираше епидемиолошка состојба во земјава, одлучила да не се воведуваат нови мерки и рестрикции за заштита од коронавирусот во земјава, а акцент да се стави на кампањата за вакцинација, дознаваме неофицијално.
За кратко време, Комисијата подетално ќе го образложи овој став, наспроти очекувањата на јавноста дека зголемиот број на заразени и организирањето свадби ќе поттикне нови мерки во земјава, но и на границите.
Извесно е сепак дека засега нема да се бара задолжителен ПЦР тест за сите што влегуваат во земјава од земји со висок ризик каде што има голем број на заразени од делта сојот.
ОБНОВЕНО
Комисијата за заразни болести и официјлно потврди дека останува на досега прпорачаните мерки, а кои ќе се заострат, како што велат, во моментот кога ќе се укаже таква потреба.
„Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледуваше епидемилошката состојба во државата. Лесно зголемување на позитивни од тестирани за ковид- 19 има во Скопје и Тетово. Според анализите во Тетово ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за ковид- 19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации. Комиисјата за заразни болести во моментов останува на досега прпорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба“, велат од Министерството за здравство и апелираат граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на вирусот ковид-19.
Според последните податоци од Институтот за јавно здравје со ковид-19 заболено е 21 лице, нема починати, а само двајца пациенти се оздравени. Овие податоци на новозаболени се однесуваат на направени 3.358 тестирања. Од регистрираните 21 нови случаи на ковид во Скопје има 13, Тетово 5, во Гостивар, Струмица и Дебар – по едно лице.