СВАДБИТЕ ГО ЗЕМААТ ДАНОКОТ Тетово се бори со четврти бран на ковид -19

Бројката од 59 прегледи само во прва смена вчера ни укажува на тоа дека бранот ќе продолжи и понатаму, ќе има нови болни кои ќе треба да бидат примени на болничко лекување, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид – центарот при Клиничка болница во Тетово.

606

Секојдневното зголемување на бројот на хоспитализирани и заразени со ковид-19 во Тетово е основа да се смета дека веќе регионот е во четвртиот бран на коронавирусот, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор на Ковид – центарот при Клиничка болница во Тетово.

Во Ковид – центарот сега веќе има 36 заболени кои се лекуваат од кои 31 се на кислородна поддршка.






– Четвртиот бран веќе е почнат, има секојдневно зголемување на бројот на хоспитализирани. Бројката од 59 прегледи само во прва смена вчера ни укажува на тоа дека бранот ќе продолжи и понатаму, ќе има нови болни кои ќе треба да бидат примени на болничко лекување. Сметам дека треба да има поголеми рестрикции и пример во затворени простории да се овозможува влез на прележани и вакцинирани. Не се носат маски во затворено и посебно во верските објекти. Замислете само неколку инфицирани, а без симптоми да влезат на свадба или во верски објекти што значи тоа за ширењето на болеста – изјави д-р Нуредини.

Луѓето кои се на болничко лекување се повозрасни со хронични болести, како и со прекумерна телесна тежина.

– Се јавува брзо за неколку дена клиничката слика кај овие пациенти. Во 90 отсто случаите се соочуваат со респираторни симптоми. Имаат кашлање, температура, болки во гради, мускули, покрај веќе познатата дијагностика со која се соочуваат и затоа е потребно нивно медикаментозно лекување во болница – вели д-р Нуредини.

Од 36-те хоспитализирани, двајца се на триесетина години, додека останатите се над 65 години.

Поврзани содржини