СВАДБА КАКО ИВКОВА СЛАВА Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе слават 3 дена со семејството

Свадбата ќе се одржи на имотот на Афлек во Рисборо, Џорџија, а на списокот гости на славниот пар се Мет Дејмон, Џими Кимел, Кејси Афлек, Дреа де Матео и други познати личности. Се очекува Џенифер да облече и венчаница на „Ралф Лорен“, за којашто претходно навести дека ќе биде фустан што го носела во еден од нејзините филмови.

84

Еден месец откако си го кажаа официјалното „да“, Џенифер Лопез и Бен Афлек ќе направат голема тридневна свадба овој викенд за своето семејство и пријателите.

Нивната „интимна забава за семејството и пријателите“ ќе почне вечерва со посебна вечера, главната свеченост е закажана за утре, а викендот в недела ќе заврши со скара. Сѐ тоа ќе се одржи на имотот на Афлек во Рисборо, Џорџија, САД, а на списокот гости на славниот пар се Мет Дејмон, Џими Кимел, Кејси Афлек, Дреа де Матео и други познати личности.






Се очекува Џенифер да облече и венчаница на „Ралф Лорен“, за којашто претходно навести дека ќе биде фустан што го носела во еден од нејзините филмови.

„Го направивме тоа. Љубовта е убава. Љубовта е пријатна. И, излегува дека љубовта е трпелива – 20 години нѐ чекаше“ – напиша Џенифер.

Пејачката ден по венчавката што се одржа на 16 јули потврди дека станала г-ѓа Афлек. Џенифер рече дека има намера да го користи презимето Афлек, кое го навела на нејзината дозвола за брак во Округот Кларк, па и се потпишала како Џенифер Лин Афлек.

Поврзани содржини