Сузана Манчиќ: Сопругот го немав видено 107 дена, но затоа сега одлично се забавуваме!

2,042

Најпознатата лото девојка на Југославија ја следи ситуацијата и немирите во Белград, кои се случувале под нејзиниот прозорец. Во Грција, рекла таа, сите се придржуваат кон мерките, а луѓето посериозно го сфаќаат вирусот и сите се штитат, пишува „24сата.хр“.

„И покрај сè што се случува во Белград, мојата помлада ќерка Теодора дипломираше пред четири дена. Јас сум многу горда мајка“, рекла Сузана Манчиќ (63).






Најпознатата лото девојка е веќе десетина дена во Грција, каде што ужива со сопругот Симеон. Си недостасувале еден на друг, па Сузана седнала во автомобилот и тргнала на пат. Сега тие се одмораат во мало планинско село.

– Живееме во центарот и сите тие немири по  улиците на мојот град беа под мојот прозорец. Секако, и од Грција  јас следам сè што се случува, но со мојот Симеон покрај себе, сè е многу полесно. Да не беше тој, јас не би ја напуштила Србија. Не сме се виделе 107 дена – рекла Сузана.
Порано релацијата од 1.000 километри ја возела за еден ден. Сега спиела во Македонија. Сузана има хармоничен брак и деновиве ја прослави втората годишнина. Таа вели дека не му подготвила изненадување за сопругот.

– Имавме намера да ги собереме пријателите од целиот свет и да имаме забава по повод нашата двегодишнина од бракот. За жал, таквата прослава не успеа – рекла Сузана.

Прославата, која требало да биде голема, поради коронавирусот се претворила во интимна, романтична. Само тие двајца и кучето на Сузана. Манчиќ вели дека тоа било многу романтично.

Првиот бран на коронавирусот го поминала во изолација во Белград. Не се жалела за карантинот, ја прифатила ситуацијата таква каква што е. Гледала како луѓето умираат низ целиот свет и живеела како што било одредено. Ја почитувала, вели Сузана, секоја, дури и најмалата одредба. Со својот сопруг се слушала неколкупати на ден, покажувајќи му го пустошот низ градот, но и оние арогантни луѓе кои ги прекршувале правилата и можеби ја ширеле заразата. Сега е тажна што во регионот контролата е изгубена и дека коронавирусот зема замав. Загрижена за мноштвото смртни случаи в Србија и во околните земји, смета дека се случил потполен пад на контролата над вирусот. Сузана вели тоа не е случај во Грција.

– Тука нема нови случаи, многу се дисциплинирани и тоа се покажа дека е добро. Келнерите, како и сопствениците на сите таверни во кои влеговме, задолжително носат маски – раскажала Сузана.

ФОТО: Инстаграм

 

 

Поврзани содржини