Суспендирани од работа се четворица затворски полицајци кои го спроведувале осудениот Беким Мемети од КПУ Идризово во Ургентниот центар „Мајка Тереза” и командирот кој ја издал наредбата, потврдуваат за МИА од Министерство за правда.
Одлуката за суспендирањето на затворските полицајци и командирот е донесена по спроведениот вонреден надзор.
Министерството за внатрешни работи денеска објави меѓународна потерница за Мемети Беким, кој синоќа додека бил пренесуван во болница пукал во затворски полицаец и побегнал.
Повредениот затворски полицаец е префрлен во болница на натамошно лекување, а со учесниците на настанот извршени се разговори од страна на надлежните на МВР.