СУСПЕНДИРАН ПРОФЕСОРОТ КОЈ БЕШЕ ПРИЈАВЕН ЗА СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ Покрената е и кривична пријава

Во меѓувреме судот му одреди мерки на претпазливост - одземање патна исправа и забрана за приближување до ученичката која го пријавила делото.

293

Професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, против кого имаше пријава за сексуално вознемирување ученичка, е суспендиран, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

– Државниот просветен инспекторат постапува. Пријавен е во полицијата, истакна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање.






Полициски службеници од СВР Скопје во понеделникот уапсија 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во тек на една недела во февруари вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи, информираше полицијата.

Во меѓувреме судот му одреди мерки на претпазливост – одземање патна исправа, забрана за определни работни активности поврзани со кривичното дело и забрана за приближување до ученичката која го пријавила делото.

Поврзани содржини