„Супертрејд“: Не е точно дека во мазутот што го увезуваме има пепел и вода
Мазутот увезен од „Супертрејд“ и дистрибуиран, до крајниот потрошувач во целост одговара со утврдената регулатива и е во 100 отсто во состав согласно утврдените критериуми од страна на државата.
„Супертрејд“ остро реагира и ги отфрла невистините и манипулативните тези, пласирани во прилогот, со наслов „КОД: Мазутот од Супертрејд за РЕК Битола со повеќе вода и суплементи, откри инспекторатот“ емитуван денеска во вестите и во емисијата КОД, на телевизија Телма во сопственост на нашиот конкурент „Макпетрол“, соопшти Супертрејд.
„Не почитувајќи ги основните новинарски начела да се слушне и втората страна, прилогот изобилува со лаги, смислени тези се со цел да се наруши угледот на „Супертрејд“. Неточна е информацијата дека во анализите извршени на мазутот што го увезува „Супертерјд“ е пронајдено пепел и вода.
Мазутот увезен од „Супертрејд“ и дистрибуиран, до крајниот потрошувач во целост одговара со утврдената регулатива и е во 100 отсто во состав согласно утврдените критериуми од страна на државата. Доколку согласно некоја регулатива овој производ не ги задоволува условите, тогаш треба да се смени регулативата, која уште еднаш потенцираме ја носи државата.
Дека целта е неоснован напад и нарушување на угледот на нашата компанија говори и фактот што во прилогот е спомнато и горивото на „Супертрејд“. Нашата компанија како застапник на светски бренд чиј партнер се и болидите на Мекларен, во Формула 1, обврзана е да нуди светски квалитет на пазарот со високи стандарди, а обврзани сме и сами да вршиме редовни контроли за квалитет и сигурност, ангажирајќи независни меѓународно признаени и познати компании кои го анализираат мазут и горивото што го увезуваме.
„Супертрејд“ низ своето 30-годишно успешно деловно работење како и општествената одговорност и неретка хуманост, се грижи за македонското општество и здравјето и безбедноста на граѓаните.
Бараме овој демант да се објави во целост, без каква било интервенција или коментар во истиот. Бараме јавно извинување од новинарката и уредничката на КОД, и повлекување на лажната информација. Секој обид за нанесување штета на угледот и на работењето на нашата компанија ќе има правни последици“, се вели во демантот на Супертрејд.