Супермоделот Џиџи Хадид го роди првото дете: Објави и фотографија

620

Топ-моделот, 25-годишната Џиџи Хадид и нејзиното долгогодишно момче, две години постариот музичар Зејн Малик официјално станаа родители. Двајцата вчера заедно го дочекаа своето прво дете заедно, а мајката и девојчето се чувствуваат одлично. Зејн ги објави среќните вести на Инстаграм, заработувајќи речиси пет милиони лајкови за првата фотографија од рачето на бебето.

Многумина шпекулираа дека Џиџи се породила уште минатата недела кога нејзиниот татко, добро познатиот инвеститор во недвижнини, Мохамед Хадид, на својот инстаграм-профил објави рачно напишано писмо упатено до бебето.






И покрај фактот дека речиси сите странски медиуми веќе ја прогласија за „нова мајка“, Џиџи на својот инстаграм-стори објави црно-бели фотографии на кои нејзината мајка Јоланда го бакнува нејзиниот труднички стомак.

Сега среќната мајка објави фотографија од новороденото девојче.

„Нашето девојче пристигна и веќе ги смени нашите животи. Толку сум за вљубена во неа ’, напиша кратко среќната новопечена мајка.

 

 

 

 

 

View this post on Instagram

 

Our girl joined us earth-side this weekend and she’s already changed our world. So in love🥺💕

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid) on

Поврзани содржини