(ОБНОВЕНО) „СУПЕРМЕН ЧЕЛИНЏ“ ОДНЕСЕ 11 СРЕДНОШКОЛЦИ ВО ГРАДСКА БОЛНИЦА Тешко е повредено и осумгодишно дете од Скопје
Опасен ТикТок предизвик се шири низ македонските училишта.
Во СВР Скопје во 13 часот Ф.Д.(32) од село Пакошево, општина Зелениково, пријавил дека на 03.12.2024 околу 12.30 часот, по завршување на ча совите, во близина на основното училиште во село Зелениково, скопско, во кое учел, неговиот осумгодишен син се здобил со тешка телесна повреда при игра со соучениците.
Повредата е констатирана во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.
Станува збор за играта „Супермен челинџ“ која е актуелна на ТикТок, поради која вчера средношколец во училиштето „Михајло Пупин“ заврши во болница, потврдуваат од Курир.
Во „играта“, ученикот во втора година во училиштето, вчера на големиот одмор паднал и се онесвестил, по што завршил на снимање во Градската општа болница-хирургија „Св. Наум Охридски“ во Скопје.
Дека оваа игра/предизвик е „тренд“ потврдува и фактот оти со фрактури и повреди се здобиваат и деца во земјите во регионот. Низ повеќе држави во светот досега повеќе пати интервенирале медицински тимови.
Предизвикот е следен- група деца се снимаат како скокаат напред имитирајќи го Супермен, врз испружените раце на нивни врсници, кои потоа треба да се одбијат од рацете и да застанат на подот на исправени на нозе.
ОБНОВЕНО
Телевизија Канал 5 објави дека за неполни четири дена најмалку 11 средношколци завршиле со повреди и скршеници по телото само во болницата „Наум Охридски“ во Скопје, по тик-ток трендот „супермен“. Станува збор за опасен предизвик меѓу средношколците, но и кај поголемите основци што се повеќе го има во училиштата.
Предизвикот е еден да скокне со испружена рака како стрип ликот супермен и групата го фрла предизвиканото момче или девојче во висина. Скока врз група на деца кои или ќе го фатат или не. Ова видео е направено во едно од средните училишта во Скопје.
Директорот на болницата „Наум Охридски“ Небојаша Настов вели дека децата имаат најразлични повреди.