📽СУПЕРМАГЛА ПРЕДИЗВИКА НЕВООБИЧАЕН ВЕРИЖЕН СУДАР ВО ЛУИЗИЈАНА Се судрија 158 возила, а има и 7 жртви

25 лица се повредени, а бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи итните служби продолжуваат да го расчистуваат местото на несреќата и да бараат жртви, соопшти државната полиција на Луизијана

1,644

Најмалку 7 лица загинаа вчера откако „супермагла“ од чад од шумски пожар во јужна Луизијана предизвика повеќе масовни сообраќајни несреќи во кои учествуваа 158 возила.

„25 лица се повредени, а бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи итните служби продолжуваат да го расчистуваат местото на несреќата и да бараат жртви“, соопшти државната полиција на Луизијана






Апокалиптична видео снимка ги прикажува остатоците од оштетените и изгорени возила на Interstate 55 во близина на Њу Орлеанс.

Голем број луѓе стоеја покрај патот или на покривите на возилата и со неверување ја гледаа катастрофата, додека други се обидуваа да повикаат помош.

Некои возачи велат дека ги запреле автомобилите навреме, но други ги удирале одзади и од страна и дека судирите се слушале најмалку половина час.

Сообраќајот на автопатот И-55 е запрен, а затворени се 39 километри од автопатот И-10.

Горењето на мочуриштата е стар есенски обичај долж бреговите на Атлантикот и Заливот на Соединетите држави.

 

Поврзани содржини