Освен вицови, машки трачеви и малку еротика, на Фејсбук групата „Машки домаќински муабети“, во којашто членуваат скоро 27.000 мажи ширум земјава, денеска можеше да се прочита и еден убав и сериозен статус.
Имено, како што напиша еден од администраторите на групата, од денеска сите членови започнуваат иницијатива за доделување новогодишни пакетчиња за дечињата во домовите за деца без родители.
„Домаќини, празници се ближат. Кога ќе купувате пакетче за вашите деца, кој може нека купи едно повеќе или симболично поклонче. Идејата е пред новогодишните празници да ги поделиме на дечињата во домовите за деца без родители. Дополнително ќе пишам каде и кога ќе ги собереме. Ништо не ја полни душата како искрена и среќна детска насмевка“, напиша администраторот.