Супер-бабичка: Момче сакаше да ја ограби, но потоа се покаја (ВИДЕО)

Крадецот се симна од мотоциклот и се упати кон жената. Во еден момент таа го забележала и тогаш започнала вистинската акција.

796

Видеото кое стана вирално на социјалните мрежи, воодушеви многумина. Бабичката, која надвор уживаше на свеж воздух, немаше идеја дека неколку минути подоцна ќе стане мета на крадци.

Имено, постарата дама седеше пред нејзината куќа, со мобилен телефон во раката и уживаше во чистиот воздух. Во еден момент помина моторцикл, кој набргу запре. На моторот имаше двајца млади момчиња, едниот ја забележал дамата и решил да ја ограби.






Тој се симна од мотоциклот и се упати кон жената. Во еден момент таа го забележала и тогаш започнала вистинската акција.

Дечкото се обиде да и го одземе мобилниот телефон од раката, но не очекувал дека неговата „жртва“ ќе биде побрза и ќе успее да му ја симне кацигата, со која го удираше по целото тело и успеа да го избрка.

На крајот, младoто момче остана без мобилен телефон, но и без кацига.

Погледнете како сето тоа изгледаше во видеото што следи.

Поврзани содржини