Сулејман Величествениот сака да ја купи вилата на фолкерот во Црна Гора, пејачот му порача… ФОТО

1,257

Вилата на Милош Бојаниќ на црногорското крајбрежје отсекогаш била атрактивна за многу тамопшни и странски купувачи, кои му нуделе на пејачот милиони, а неодамна за оваа недвижност се заинтересирал и славниот турски актер Халит Ергенч, најпознат по улогата на Сулејман Величествениот од истоимената серија.

Како што шпекулираат српските медиуми, актерот има намера да снима филм во Црна Гора, штом се отворат границите, а неговиот тим се заинтересирал за куќата на фолкерот Бојаниќ во Баошиќи. Тој ја изградил оваа вила уште во осумдесеттите години на минатиот век, а за нејзиното реновирање платил 15.000 евра пред неколку години.






Бојаниќ од вилата има директен излез на морето, што особено им се допаднало на агентите на Сулејман. Тие му ги покажале фотографиите од недвижноста на актерот, а тој заклучил дека вакво нешто е одлично и за летување, со оглед дека тој ќе има повеќе мир и слобода во Црна Гора отколку во Турција, каде што папараците постојано го следат.

Со оглед на сето ова, прашање е во моментот кога некој од неговите луѓе ќе затропа на вратата на Милош со соодветна понуда, открива изворот. Во оваа прилика, се огласил и Бојаниќ и рекол дека е подготвен да го угости Халит Ергенч, но не и да му ја продаде куќата.

– Јас сум тој Сулејман кој треба да ужива во сè што стекнал. Вилата што ја купив пред 30 години им ја дадов на моите синови и тие сега се газди. Мојот син сака да стане Сулејман таму. Тој дојде со американски долари и сака да направи невидено лудило. Сакав да го продадам пред многу време, но моите внуките одлучија дека нема да има продажба. Значи, Сулејман може да дојде само на скара, кафе и послужување во домаќинска куќа – рекол Бојаниќ.

 

 

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини