Сулејман Реџепи за Алсат-М: Петочната молитва во џамија, а другите дома!

Тој ги повика верниците да ги одржуваат петочните молитви во џамија, но другите молитви да ги реализираат во своите домови.

460

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи во изјава за Алсат-М, изјави дека одблизу се следи состојбата со новиот коронавирус и дека се почитуваат препораките издадени од Министерството за здравство.

Тој ги повика верниците да ги одржуваат петочните молитви во џамија, но другите молитви да ги реализираат во своите домови.






– Во нашите џамии најмногу може 100, 200, па и 300 лица да се молат на петочната молитва. За другите молитви, препорачуваме верниците да ги реализираат во своите домови. Целата работа е со петочната молитва, којашто е неопходно да се изврши во верски објект и да има предводник. Тоа што сакам да го кажам е дека никој не треба да се грижи дека во џамиите може да се прошири вирусот. Сите џамии имаат секојдневна мерка на дезинфекција – изјави Реџепи за Алсат-М.

Поврзани содржини