СУДАР НА „ТОМОС“ И „МАТИЗ“ Возачите имале 70 и 73 години

362

На 08.07.2024 во 10.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на улицата Лески со улицата Богомилска во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“, управуван од Ч.Р.(73) и патничко возило „даеву матиз“, управувано од П.Г.(70), и двајцата од Штип, а двете возила со штипски регистарски ознаки, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ч.Р., констатирани во Клиничка болница Штип.






Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Поврзани содржини