“СУХОИТЕ” Ѝ ГИ ДАДОВМЕ НА УКРАИНА, НО ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ НИ ОСТАНАА ДОМА Стевчо Јакимовски ќе се грижи и за земјоделците
"Не може претседателот да се држи само до овие што ги има уставни надлежности, а да не го интересира тоа како живеат земјоделците, како живеат нашите граѓани, да нема воопшто никаква реакција кога ќе се затвори некој пазар како резултат на виша сила, а војната во Украина е виша сила", рече Јакимовски во Неготино.
„Денеска сме гости на македонското виногорје, ова е земјоделски дел, во Неготино, во Тиквешијата. Морам да кажам дека мојата заложба ќе оди во насока на отворање на нови пазари, имајќи предвид дека со војната во Украина македонските земјоделци го загубија белорускиот и рускиот пазар, но очигледно дека ниту Владата, ниту претседателот на државата се интересираат каде можат да се пласираат земјоделските производи. Буквално целата опрема воена што ја имавме и хеликоптерите и ‘Сухоите’ и ракетните фрлачи и така натаму, сѐ што можевме да дадеме, дадовме, меѓутоа со сета таа воена опрема што им ја дадовме, воопшто не се потрудивме да одат и дел од земјоделските производи”.
Ова го изјави претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски на средби со граѓаните на Неготино.
– Тоа што значи? Дека во мене земјоделците ќе имаат сигурен поддржувач, дека заедно со мене кога ќе одам на службени патувања постојано ќе треба да оди и министерот за економија, да се отвораат нови пазари, нови можности за македонското земјоделие, особено за конзервната индустрија што се развива во овој дел од регионот. Значи овде Тиквешијата и оној дел кон Гевгелија – рече Јакимовски.
Тој смета дека не може претседателот да се држи само до овие што ги има уставни надлежности, а да не се интересира за тоа како живеат земјоделците, како живеат нашите граѓани, да нема воопшто никаква реакција кога ќе се затвори некој пазар како резултат на виша сила, а војната во Украина е виша сила.
– За изгубените пазари и воведените санкции македонските земјоделци не добиваат никакви компензации, значи тука тоа прашање мора да го отвори претседателот на државата – рече тој.